ОМО Илинден Пирин реагираше на, како што наведе, неодговорната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев за „сепаратистичките ставови и малцинските тврдења што ги исповеда народот со кој се среќава претседателот Пендаровски“.
„Неговата изјава е лага и клевета и како таква е срамна за сите, а особено за претседателот бидејќи срамот паѓа на сите граѓани. Нашата партија никогаш не исповедала сепаратистички идеи. Досега ниту една македонска организација или Македонец во Бугарија не се обвинети, судени или осудени за сепаратистички дејствија. Лагата за сепаратизам се користи за да се оправда систематската дискриминација на која подлежат бугарските граѓани со македонска самосвест, што доведе до 14 пресуди против Бугарија од страна на Судот за човекови права“, се вели во реакцијата.
Изјавата на претседателот на Бугарија, Радев доаѓа по средбата на Пендаровски со претставници на ОМО Илинден.
Радев вели посетата на Скопје била избрзана, а Петков одговара дека е ужасно задоцнета