Оливер Спасовски утрово до партијата поднесе оставка, на потпретседателското место, објави ТВ21. Тој воедно ова го најави и претходната недела во емисијата Клик Плус на ТВ21.
„Сметам дека новиот претседател треба да си избере нов тим“, рече Спасовски.
Засега е незивесно дали Спасовски ќе остане во новата Влада која ќе ја формира Димитар Ковачевски.
Денеска СДСМ има закажано централен одбор на кој треба да биде избрано ново раководство на партијата.