Централната иборна Комисија на Косово (ЦИК) објави денеска дека го затворила процесот на акредитација за вонредните парламентарни избори, што ќе се одржат утре, јави дописникот на МИА од Приштина.
Портаролот на ЦИК, Ваљмир Елези изјави за медиумите дека вкупната бројка на акредитирани набљудувачи изнесува околу 30.000.
– Според листата, ЦИК кредитира 18 амбасади со 146 набљудувачи, шест меѓународни оргнизации и институции со 37 набљудувачи, една јавна институција со 43 набљудувачи, 26 домашни невладини организации со 1.713 набљудувчи, 23 политички субјекти со 6.635 набљудувачи и 63 домашни и меѓународни медиуми со 626 набљудувачи, информира Елези.