Туниските власти соопштија дека при превртување на чамец во Средоземно Море се удавиле околу 20 мигранти од Африка, кои се обидувале да пристигнат до брегот на Европа.

Телата на жртвите се пронајдени во близина на тунискиот град Сфакс.

Пет лица го преживеале бродоломот, а 20 се водат како исчезнати. Во чамецот имало од 40 до 50 луѓе, кои сакале да пристигнат до Италија.

Се претпоставува дека мигрантите се од потсахарска Африка.