Околу 100.000 луѓе демонстрираа денеска во главниот град на Бангладеш, Дака, против акциите на Израел во Појасот Газа. Демонстрантите се собраа во паркот Сухраварди во близина на Универзитетот во Дака. Тие носеа стотици палестински знамиња и извикуваа слогани како „Слобода за Палестина“.

Многумина ги газеа сликите на американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и индискиот премиер Нарендра Моди, обвинувајќи ги дека го поддржуваат Израел. За време на митингот беа носени симболични ковчези и слики на цивилни жртви.

Поддршка за денешниот протест изразија опозициската националистичка партија на Бангладеш, на чело со поранешната премиерка Каледа Зија и други исламистички групи и партии.

Бангладеш, земја со мнозинско муслиманско население со околу 170 милиони жители, нема дипломатски односи со Израел и официјално ја поддржува независна Палестина.