Ветувања за изградба на марина, охриѓани добиваат само пред избори. Веднаш потоа политичките партии и нивните претставници забораваат на сето ова, па ветувањата остануваат само на хартија и во нивните програмски платформи. Во меѓувреме, Охридското езеро почнува да се гуши од се поголемиот број на пловни објекти,а место за нивно паркирање повеќе нема на единствената локација која сега служи за тоа – каналот Студенчишта.

„Времето за градење на марина веќе одамна е дојдено.Потребна е една силна кооординација помеѓу службите за урбанизам на локалната самоуправа,на самата држава и УНЕСКО. Ова прашање ќе мора да се реши како би попуштил овој притисок, како каналот веќе нема физичка можност да одговори на сите потреби на сопствениците на пловни објекти во однос на чувањето“, рече Горан Устијаноски-капетан во капетанија.

Од Јавното претпријатие Биљанини извори велат дека, во моментот сите места во каналот се исполнети и оти се бара место за пловило повеќе.

„Се надевам ќе се изнајде начин да се изгради што поскоро марина за тој притисок да заврши. Многу пловила се по информација што ја имам околу 3000 пловни објекти се регистрирани во капетанија, а ние стопанисуваме со 130 паркинг места, а вкупно во каналот има место само за 250 пловила.Имаме и сува марина ама тоа ретко кој го користи, сите си имаат обезбедено сува марина проблем е паркирањето во каналот“, изјави Теодор Андоноски- директор на ЈП Билјанини извори.Туристите и охриѓани секое лето се сведоци на нови катамарани, бродови и други пловила, кои се носат во Охрид.

„Нашиот регистар во овој момент е дојден до помеѓу 2700 и 2800 пловни објекти.Но тоа не значи дека сите се на Охридско езеро. Ние го водиме целиот регистар за цела територија. Дека постои зголемување постои, но постои зголемување на оние пловила кои се малку посовремени”, по еколошки издржани, додаде Горан Устијаноски-капетан во капетанија.

Со години се дебатира за најсоодветната локација за изградба на марината. Последниот предлог беше да се гради на вливот на реката Даљан со почитување на сите еколошки стандарди.

Од Капетанија како институција во состав на Министерството за транспорт и врски велат дека не решаваат инфраструктурни проблеми. Но кога ќе дојде момент за градба, се должни да само да дадат свое мислење. Дополнително каналот Студенчишта е зимувалиште на рибата плашица, но поради тоа што, сопствениците на пловила, резерварите овде ги полнат со бензин, таа се помалку ја има.Инаку со години во јавноста се дебатира за разни локации каде истата би се градела. Последниот предлог е таа да биде изградена на вливот на реката Даљан и да е според сите еколошки стандарди.