За охриѓанецот кој го претепа Христијан Пендиков одреден е 30 дена притвор, дознава Алсат. Одлуката ја донел  Судот во Охрид, а по барање на надлежен јавен обвинител кој достави предлог за определување мерка притвор за  24-годишниот охриѓанец, осомничен за кривично дело тешка телесна повреда.

За другите двајца кои присуствувале на  инцидентот се уште се води постапка. Според Обвинителството, на 19 јануари во кафе бар во Охрид, осомничениот пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите „не ти е срам да се пишиш Бугарин“ и се оддалечил. Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе-барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот, соопшти државното Јавно обвинителство.