Охриѓанка на возраст од 81 година го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на автопатот Тетово-Гостивар.
Според информациите од СВР Тетово, во несреќата две лица се здобиле со тешки повреди.
До сообраќајката дошло кога се судриле две возила од кои едното „пежо“ управувано од 47-годишен охриѓанец, а зад воланот на вториот автомобил – „мерцедес“ со словенечки национални ознаки – седел 19-годишник од Гостивар.
Жената која била сопатничка во „пежото“ загинала на лице место, а тешко повредените се возачот од истото возило, како и уште еден сопатник – сите од Охрид.
АМСМ претходно соопшти дека сообраќајот е затворен.