На 25 април 2025 година, во 20:50 часот, во СВР Охрид беше пријавено исчезнување на 26-годишната М.К. од Охрид. Според информациите од полицијата, нејзиниот сопруг М.К. (38) пријавил дека таа се оддалечила од нивниот семеен дом.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, а истрагата е во тек.

Полицијата апелира до граѓаните доколку имаат било какви информации поврзани со исчезнатата М.К. веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.

Текстот Охриѓанец трага по сопругата, пријавил во полиција е превземен од МАКФАКС.