Огромен број на македонски граѓани или над 80 отсто сметаат дека судството во Северна Македонија е најкорупирано покажуваат резултатите од годишното истражување „Балкански барометар 2021“..
Претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска за 24Вести изјавила дека високиот процент на недоверба во судството е многу загрижувачки, но забележува дека е нешто понизок од ланските резултати.
Ивановска смета дека симбиличното зголемување на довербата во судството со должи на зголемувањето на свеста на граѓаните нивните права да ги бараат преку институциите, тоа што се расчистуваат крупни корупциски скандали, како и поради проверката на работата на судиите од страна на Судски совет.
Над 75 посто од граѓаните веруваат дека судството е зависно од политичко влијание, што претставува зголемување за дури 20 процентни поени во однос на 2019 година.
Граѓаните од Западен Балкан веруваат дека најкорумпирани се политичките партии со 78 отсто, пред судството со 76 проценти, царината со 75, здравствениот сектор со 74 и парламентите со 71 отсто.