
Гигантскиот товарен брод „Евер Гивен“ сè уште е дијагонално заглавен во Суецкиот канал, додека управата на каналот се обидува да го ослободи и повторно да го отвори сообраќајот на клучниот воден пат за глобалното испорака помеѓу Исток и Запад.
„Ever Given“, брод под знамето на Панама, кој превезува товар помеѓу Азија и Европа, долг 400 метри и широк околу 60 метри, се насука во вторникот во тесен, вештачки канал што ја дели континентална Африка од Синајскиот полуостров, пишува АП.
Бродот, сопственост на јапонската компанија „Shoei Kisen KK“, го блокираше сообраќајот во Суецкиот канал во почетокот на неделава по бочен налет на силни ветрови, оставајќи десетици други бродови во Средоземното и Црвеното Море во мирување.
Ова е невиден настан во 150-годишната историја на каналот, велат експертите.