Голем пожар избувна во складиште за нафта во рускиот град Брјанск, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.
„Во 02:00 часот на 25 април 2022 година, оперативната дежурна смена на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации на Русија за регионот Брјанск доби информација за пожар на адреса: Брјанск, во округот Фокински. На местото на повикот се испратени противпожарни и спасувачки екипи согласно зголемениот ранг на пожарот. По пристигнувањето било констатирано дека има пожар на територијата на складиштето за нафта“, се вели во објавата на веб-страницата на Министерството.
I wonder what happened? 😈 https://t.co/By3IOLZYl7
— Nika Melkozerova (@NikaMelkozerova) April 25, 2022
Во објавата се додава дека ќе следат дополнителни информации.
Засега немa индикации дека пожарот е поврзан со војната во Украина. Станува збор за исклучително важен нафтовод што ја транспортира руската нафта во Европа.
Брјанск е град кој се наоѓа на околу 150 километри североисточно од украинската граница. Од Москва е оддалечен 380 километри.
The moment of the explosion at the fuel facility in Bryansk. https://t.co/WR8T2GqR5x pic.twitter.com/S6RZY5ZF3E
— Rob Lee (@RALee85) April 25, 2022