На 01.04.2021 околу 08.50 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во обложувалница на бул.„Партизански одреди“ едно лице со закана кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.