Изет Меџити,  Арбр Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли се новите потпретседатели на ДУИ. На местото на првиот вицепремиер Артан Груби доаѓа Блерим Беџети, актуелен градоначалник на о.Сарај кој беше дел од таканаречената „Огнена група“ која во текот на изминатите недели бараше промени во партијата на интегративците.

Ова е крајниот исход по неколкучасовната дебата на Централниот совет на интегратиовците во Тетово.

Речиси 50 посто од високите партиски функции добија таканаречената огнена група која и го иницираше денешниот Централен совет кој го отвори лидерот на партијата Ахмети но и порача дека имало конструктивна дебата но немало огнена група.

Централниот совет доаѓа како резилтат на иницијативата и отвореното писмо од 24 септември кога така наречените огнени побараа и отчетност од министрите на ДУИ на што денеска дел од нив одговорија дека тоа ќе се случи до крајот на месецот.

Генерално средбата помина мирно со исклучок на незадоволството кое го изрази и собранискиот спикер Џафери откако неговиот предлог да се избере уште еден потпретседател не беше прифатен.