Екстремно редок метеор познат како „дневна огнена топка“ денес го проби звучниот ѕид над Велика Британија.

Луѓето во англиските провинции Дорсет, Сомерсет, Девон и Џерси објавија дека денес слушнале силен тресок и виделе зрак светлина на небото, пренесува Би-Би-Си.

По анализата на сликите и видеата, експертите потврдија дека станува збор за метеор.

Тие ги повикаа луѓето да внимаваат и да пријават какво било паѓање на фрагменти од вселенски карпи.

Ричард Кацерек, од британската мрежа на аматерски метеорски астрономи, рече дека само најсветлиот метеор „класа болид“ може да произведе ретка „дневна огнена топка“.

Тој додаде дека оној што се виде во саботата мора да биде „многу голем“ за да може да се види во текот на денот.

Астрономот и научен новинар Вил Гајтер, кој меѓу првите го поврза звучниот бум со метеор, за Би-Би-Си изјави дека би било „многу возбудливо“ да се најдат делови од метеорот.

Податоците од камерата исто така се анализираат за да се добијат детали за патувањето на метеорот.

По „огромниот шок“, за кој луѓето велат дека ги потресе нивните домови и прозорци, британскиот геолошки институт го исклучи земјотресот.