До крајот на годината ќе боде распишан огласот со кој трајно вработување место сегашното вработување со договор на дело ќе добијат околу 1100 лица, средномедицински персонал во јавните здравствени установи ширум земјата, најави министерот за здравство Арбен Таравари. И со овој оглас, недостатокот на средномедицински персонал нема да се покрие, оти недостиг од медицински сестри, болничари и лаборанти има насекаде низ државата, според податоци кои министерто таравари ги добива на неделно ниво од внатрешноста.

„Јас се надевам дека до крајот на оваа година ќе биде објавен конкурс со кој ќе бидат примени на работа некаде околу 1000 средно медицински персонал. Тука не подразбирам само медицински сестри туку и болничари, лаборанти, тие што беа со договор на дело. Меѓутоа повторно е малку, повторно ќе имаме потреба од вработување уште“, рече министерот Таравари.

За него среномедицинскиот кадар е столб на здравствениот систем, а огласот за вработување кој треба да се распише е дел од стратегијата на државата за нивно здржување во земјата, заедно со уште неколку мерки преземени во измина

„Триста специјализанти оваа година ќе примиме на работа и триста идната, 1100 лица средномедицински персонал, имаме колективен договор, покачување на плати… Ова е тоа што може да го направи една Влада. Повеќе од ова за шест месеци јас не знам дали ќе можевме да направиме. Ова се наталожени проблеми, од 2017 година се истите проблеми. И тогаш се бараше специјализантите да бидат вработени, за приватните зборувам, и тогаш се бараше колективниот договор и сега после седум години успеваме за шест месеци да ги решиме овие проблеми кои стојат подолго време во државата“, рече министерот Таравари.

Министерот извести дека од денес на Онкологија за пациентите се достапни двата биолошки лека кои недостасуваа. Објасни дека набавката на лековите задоцнила поради долгите и сложени процедури кои мора да се следат оти станува збор за меѓународни тендери. Недостиг од двата лека Таравари вели дека имало само неколку дена и затоа смета дека се направил поголем метеж отколку што требало.