Босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ (31) официјално стана играч на турски Бешикташ. Нешто пред полноќ турскиот клуб го потврди трансферот. Во Бешикташ Пјаниќ пристигнува на едногодишна позајмица. На Барселона за тој период ќе и платат 2.7 милиони евра.
Сепак, тренерот на Барса, Роналд Куман, го елиминираше најдобриот фудбалер во Босна и Херцеговина од стартниот состав и Пјаниќ одигра само 30 натпревари, што беше главната причина за неговиот трансфер во Турција.
Барселона се обидува да се ослободи од непотребните фудбалери кои добиваат големи плати, а Пјаниќ е еден од нив. Бешикташ го зема Босанецот на едногодишна позајмица, а за тој период ќе плати 2,75 милиони евра.