Проф. д-р Аднан Исмаили и Претседателот на Хуманитарната Организација „Мерхамет“, д-р Ридван Џафери, денеска остварија официјална посета и средба со г. Рашид Бин Саид Ал-Хаџари, вршител на должност амбасадор на Државата Катар во Република Северна Македонија.

На оваа пријателска и плодна средба, проф. д-р Аднан Исмаили и д-р Ридван Џафери му посакаа добредојде на новоименуваниот амбасадор, изразувајќи му искрени желби за успех и многубројни постигнувања за време на неговиот дипломатски мандат во нашата земја.

Во текот на разговорот се дискутираше за досегашните реализирани проекти, за соработката со институциите и организациите од Државата Катар, како и за можностите за зајакнување и проширување на оваа соработка во иднина.
Беше истакната важноста од продолжување на поддршката за хуманитарни, социјални, образовни и културни проекти, со цел зајакнување на нашето општество и подобрување на благосостојбата на најранливите слоеви на заедницата.

Хуманитарната Организација „Мерхамет“ останува посветена на градење нови мостови на соработка со сите наши доверливи партнери и пријатели, со цел зацврстување на постоечките односи и отворање нови можности за заеднички проекти. Ќе продолжиме да работиме со посветеност и транспарентност за да донесеме иницијативи со видливо и одржливо влијание врз животот на нашата заедница, придонесувајќи кон социјалниот, хуманитарниот и образовниот развој на општеството.