Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес ќе оствари еднодневна официјална посета на Република Косово.

Гаши ја предводи Делегацијата од Собранието во чиј состав се пратениците: Имрлије Салиу-Фетаи, претседателка на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Косово и Тони Јаревски, член на Групата.

Програмата за официјалната посета на Косово предвидува средби на претседателот Гаши и Делегацијата со претседателот на Собранието на Република Косово, Глаук Коњуфца; претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти; Групата за соработка на Собранието на Република Косово и Собранието на Република Северна Македонија; како и средби со лидерите на политичките партии претставени во Собранието на Република Косово.

Текстот Официјална посета на Гаши во Косово е превземен од МАКФАКС.