Денеска како што објавуваат од есенскиот шампион, продолжена е соработката со голманот Костадин Захов.
Овој чувар на мрежата одлучи да ги брани боите на Шкендија после новиот потпис до 2023 година.
– Среќен сум што ќе продолжам да го претставувам овој дрес каде јас ги остварив најголемите успеси во мојата кариера. Шкендија ми даде многу, но јас верувам дека возвратив на истиот начин, и новиот договор покажува дека двете страни се задоволни од соработката. Со ентузијазам кон нови успеси – рече Захов по потпишувањето на договорот.
Голманот досега запиша 176 официјални настапи за тетовските „црвено-црни“, 137 во Првата македонска лига, девет во националниот Куп и уште 30 во европските купови.
Потсетување дека претходно клубот го напушти Валох Ахмеди кој се пресели во Белорусија.
ФОТО: Ахмеди ја напушти Шкендија, ќе игра за белорускиот шампион