Барселона на 24. јануари ќе добие нов претседател кој ќе го наследи Хосеп Марија Бартомеу, а денеска и официјално е потвфрдено дека на изборите ќе учествуваат тројца кандидати. Тоа се Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреикс.
❗Official — Joan Laporta, Víctor Font and Toni Freixa are official candidates for Club presidency. pic.twitter.com/E70ICFhGK0
— Barça Universal (@BarcaUniversal) January 14, 2021
Пред да бидат и официјално соопштени имињата на кандидатите, Емили Русо се откажа од кандидатурата.
Главен фаворит за нов претседател е Жоан Лапорта кој е последниот челник на каталонскиот клуб кој ги одработил двата мандати во целост (2002-2010) и според последните анкети има доверба од 52 проценти од гласачите.
Адутот на Лапорта е тоа што Барселона во негово време доминираше во фудбалска Европа и доколку биде избран повторно, ветува дека ќе успее да го натера Меси да потпише нов договор. Еден од 10.257 гласа кои Лапорта ги поднесе е и тој на семејството Меси.
Адутот на Виктор Фонт се поранешните играчи на Барселона, Чави Ернандез кој би се вратил како тренер, а место во управата би добиле Жорди Кројф, Карлес Пујол и Андрес Иниеста кога ќе ја заврши кариерата.
Аутсајдер во трката е Тони Фреикс кој беше потпретседател во времето на Бартомеу.