Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов ја доби поддршката од партијата СДСМ да се кандидира за нов, втор мандат на локалните избори кои ќе се одржат оваа есен. Извршниот одбор на СДСМ на синоќешниот состанок ги потврди имињата на 30 кандидати, а секако најзвучното е Петре Шилегов.
-Упатувам огромна благодарност до мојата матична партија за довербата и поддршката. Скопје го заслужува најдоброто, продолжуваме заедно во нови победи“, напиша Шилегов на Фејсбук.