Во пролетниот дел фудбалскиот клуб Беласица ќе има нов предводник на тимот во остварување на зацртаните цели..
Ѓоре Јовановски, кој покрај играчката кариера, има и богата кариера како стратег и тоа во Вардар, Слога Југомагнат, македонската А репрезентација, Самсунспор, Работнички, Милано Куманово, Металург, ЦСКА Софија, Шкендија, Брегалница.
А сега одлучи да ја води и Беласица, како нов предизвик во борбата за опстанок во елитата.
– ФК Беласица е клуб со традиција и многугодишна историја. Сите овде во клубот, стручниот штаб, фудбалерите и раководството веруваме дека ФК Беласица може да опстане, затоа што бодовите кои ги имаме во моментов не одговараат на нашиот квалитет и квалитетот на лигата е изедначена, па така секој секого може да победи – истакна искусниот стратег Јовановски.
По завршувањето на есенскиот дел во Првата македонска лига, Беласица е на последното 10 место со девет бодови.