Френк Лампрад повеќе не е тренер на Челси, соопшти лондонскиот клуб. Лампард го напушта клубот по повеќе од 18 месеци.
Прво име за негова замена е Томас Тухел кој неодамна доби отказ од ПСЖ.
-Му се заблагодаруваме на Лампард за се што направи за клубот. Во моментов не ни одговараат резултатите и тоа што тимот е на средина на табелата и не сме задоволни со направеното оваа сезона, па одлучивме дека е време за разделба. Никогаш не е добро да се разделите со легендата на клубот, но така е одлучено, се наведува во соопштението.
Во моментов Челси е на 9-то место во Премеир лигата.