Најдобриот ракометар на сите времиња Кире Лазаров е нов селектор на Македонија. Ова е потврдено на денешната онлајн прес конференција на РФМ.
Првиот човек на федерацијата Живко Мукаетов ја соопшти информацијата, воедно откривајќи дека договорот е за пет години.
-Се договоривме со Кире тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор. За мене е чест и привилиегија да ви ја соопштам таа вест, бидејќи ова е голем ден за македонскиот ракомет. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе ги биеме битките за македонскиот ракомет, изјави Мукаетов.