Бугарските власти негираат за БГНЕС дека бугарската влада испратила каков било текст по изборите до земјите-членки на Европската унија на тема РС Македонија.
Претходно денес, голем број македонски медиуми објавија текст објавен од порталот НОВА, за којшто од порталот јавија дека е од сигурни дипломатски извори.
Ова не е точно, таков документ не е испратен до никого. Ова е уште една манипулација на македонската јавност во однос на Бугарија. На крајот на минатата недела, вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров ги повтори старите лаги дека Бугарија им го негира правото на самоопределување на македонските граѓани.
Последното писмо во име на вицепремиерката Екатерина Захариева до комесарот за проширување Оливер Вархеји беше на 31 март, во кое властите го информираа за некои дискриминаторски практики од страна на институциите на РС Македонија против нејзини државјани.
Во писмото на Захариева од 31 март се спомнати и специфични случаи – агресивната кампања против пејачот Васил Гарванлиев, одбивањето да се донираат бугарски книги пренесени од Виктор Стојанов, испрашувањата од полицијата на членовите на центарот за култура „Иван Михаилов“ од Битола, агресивните коментари на градоначалникот од Крушево, кон негова сограѓанка заради пречек на бугарски дипломати.
Во писмото се обрнува внимание и на антибугарската кампања предводена од т.н. Институт ИФИМЕС во Словенија и неговите односи со РС Македонија.