Откако РС Македонија протера руски дипломат, официјална Моска најави реципрочем одговор. Од руската амбасада за Тв 24 велат дека ударот ќе биде возвратен, а засега се разгледуваат опции.
– Амбасадата потврдува дека македонската страна ја донесе ваквата одлука. Руската страна разгледува реципрочен одговор. – соопштија од Амбасада на Руската Федерација во Република Северна Македонија.
Шефот на државата Стево Пендаровски денеска изјави дека е запознаен со ситуацијата, но не сакаше да даде поконкретен одговор.