Офицерка на кралската морнарица била фатена како снима секс сцени со своето момче во строго тајна нуклеарна база. Според извештаите на британските медиуми од 8 февруари, откриено е дека офицерката Клер Џенкинс (29), која го користи името Кари Тејлор, заработува од продажба на „нарачана порнографија“ на веб-локации за возрасни.
„Имам 29 години и го работам ова долго, сакам да бидам палава и да останам живописна. Мојата палава страна некогаш може да ме доведе до неволја, но тоа чувство на возбуда поради ова што го правиме ме пали“, пишува на еден од профилите на „палавата“ Клер.
Многу од споменатите снимки вклучуваат и член на морнарицата, 29-годишниот Лиам Додингтон, кој се наоѓа во истата база, стои во извештајот.
– Командирите не можат да веруваат. Можеле да бидат вклучени сите видови безбедносни ризици – рекол извор на морнарицата за британските медиуми.
Соочена со своите шефови, Џенкинс наводно признала, но продолжила да објавува спорни содржини во текот на викендот, вклучувајќи и видео со натпис – „Навистина ме растури“. Неименуваниот извор од морнарицата инсистирал дека Џенкинс била „отворена и искрена со своите претпоставени и дека тоа е нејзина приватна работа“.
Џенкинс има чин на воен офицер, а командувала со тим морнари на подморницата „ХМС артфул”. Исто така, била одговорна за внесување тимови на специјалните сили на море, за тајни уфрлувања и за крстосувачките ракети „томахавк“.
Портпаролот на Кралската морнарица потврдил дека „истрагата е во тек“.
Значајно е што командата на британската морнарица е повеќе загрижена за тоа дека офицерката Џенкинс и нејзиното момче можат да бидат уценувани од странски агенти отколку дека снимаат порнографија. Двајцата сега се суспендирани од службата за времетраењето на истрагата, а по превирањата во медиумите, може да бидат отпуштени од службата.
Клер не е единствена припадничка на британската морнарица која објавувала експлицитни содржини на интернет, бидејќи наводно постои уште една девојка под псевдонимот Изи Бел, која правела нешто слично.