Судија на претходна постапка од Кривичниот суд Скопје вечерва го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и одредил мерка притвор за осум лица осомничени за издавање на лажни пасоши во случајот „Двојник“. Мерки на претпазливост им се изречени на двајца од осомничените, додека пак 11-тото осомничено лице е во бегство. Се работи за мрежа за фалсификување на документи.
Акцијата во останатите земји ја спроведува Интерпол, со цел пронаоѓање на останатите носители на пасоши.