Судот го прифати предлогот на Обвинителството и определи притвор за 13 од вкупно 19 лица опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Меѓу нив се и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. За останатите, судот ќе донесе одлука во текот на денот.

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар, соопштија од ОЈО.

Текстот Одреден 30-дневен притвор за 13 лица за пожарот во Кочани, меѓу кои Бектеши и Трајковски е превземен од МАКФАКС.