Роналд Куман веќе следната недела нема да биде тренер на Барселона.
Холандскиот стручњак ја загуби поддршката од управата на клубот и ќе добие отказ.
Каталонските медиуми пишуваат дека Барселона ќе ја објави одлуката за смена на Куман по натпреварот со Атлетико во сабота, а воедно ова ќе биде последен натпревар на кој Куман ќе ја има улогата на главен тренер.
Поради суспензијата, тој нема да биде на клупата на овој натпревар и нема ни да седи повеќе на неа бидејќи управата на клубот донесе одлука да го отпушти.
Отпуштањето на Куман ќе ја чини Барселона 12 милиони евра, а каталонскиот гигант веќе преговара со потенцијалните наследници.
Фаворити за клупата се Роберто Мартинез и Чави Ернандез, а се споменува и името на поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло.