Во првиот изборен круг не беше избран градоначалник на Град Скопје. Петре Шилегов од СДСМ освои 78.244, додека независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска 86.159 гласови, односно 7.915 гласови повеќе од Шилегов. Двете македонска партии се во коалиција со албански субјекти. Од ДУИ се убедени дека победата ќе ја понесе Шилегов.
-Јас мислам дека ќе победи г.Шилегов.
Но, од друга страна пак, Елми Азири од Алијанса за Албанците на став дека Скопје има потреба од менаџер, а не од политичар.
-Јас мислам дека Данела Арсовска ќе го добие Скопје, бидејќи е менаџерка и сметам дека градот има потреба од менаџер, а не од политичар.
Арсовска вчера ги повика граѓаните во вториот круг да излезат во што поголем број. Вели дека се радува што неколку кандидати од советничките листи на граѓанските иницијативи станале дел од советите. Шилегов пак, е убеден дека разликата што ја има Арсовска ќе ја стигне во вториот круг и дека тој повторно ќе биде градоначалник. Вториот круг на локалните избори ќе се одржи за две недели, односно на 31 месецов.