Денеска почна па експресно поради отсуство на обвинетите се одложи судењето за дебарчанката Јилдиз Веапоска во струшкиот основен суд.Веапоска е роддилката на која при пораѓај поради лекарска грешка и беа извадени три органи, објави Телевизија 24.
Како што пренесува телевизијата, родилката вели не е изненадена што лекарите не се појавија на првото рочиште но очекува правдата на крај да биде задоволена.Да одговараат за одземеното здравје бидејќи вели од тогаш е половина човек со нарушена психичка состојба.
Адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев вели колку и да се одложува еднаш судењето мора да почне и правдата да излезе на виделина.
Во случајот се гонат тројца лекари од струшката болница.првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар-специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар-гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа Медицински центар – Струга кои при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување родилкта од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба поради што таа остана без бубрег матка и јајник.