Одложено е денешното судењето за случајот „Плацеви на Водно“, во кој се обвинети поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, поранешниот премиер Никола Груевски и бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Орце Камчев и Ратка Куновска Камчева, јавува Радио Слободна Европа.

Судењето е одложено поради отсуство на четворица од повиканите сведоци и по барање на одбраната на обвинетиот Орце Камчев, кој од вчера бил позитивен на КОВИД-19.

Одбраната на Камчев, кој денеска присуствуваше во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје, наведе дека вчера бизнисменот направил брз антигенски тест на КОВИД-19 и кај него е детектиран вирусот, но дека чекал решение за самоизолација.