Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски заедно со репрезентативците Ристо Николов и Владо Митев денеска беа примени од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, по обезбедениот пласман на Европското првенство.
Одбојкарите очекуваат Владата да им додели идентична премина како на фудбалерите кои исто така обезбедија пласман на Европското првенство, односно по 10.000 евра по репрезентативец.
– Би сакал да се обратам директно до Владата. Ако сме рамноправни спортисти со сите, тогаш би сакал и одбојкарите од државата да ја добијат иста награда каква што добија фудбалерите за пласман на Евро 2021 – изјави Јовановски.