Во САД вчера била уапсена жена која одбила да носи заштитна маска во Убер, а потоа го испрскала возачот со пепер спреј.

Конфликтот меѓу патниците и возачот се случил на 7 март, откако Малаја Кинг (24) ја тргнала заштитната маска, а потоа започнала да кашла кон возачот.

Целиот настан е снимен од надзорна камера во возилото.

-Втората осомничена патничка, 24-годишната Арна Кимиаи, објави дека ќе се предаде, соопшти полицијата.