Одбележуваме 16 години од големата трагедија што се случи во Охридското Езеро, кога на 5 септември 2009 година, кај автокампот „Елешец“, потона туристичкиот брод „Илинден“ и животот го загубија 15 бугарски туристи.
Несреќата се случи околу 10:30 часот, на околу 200–250 метри оддалеченост од брегот, додека бродот со 56 патници пловел од Охрид кон Свети Наум. Како причина за превртувањето се наведуваат механички дефект, претовареност и паника меѓу патниците.
Меѓу жртвите беа осум жители на општина Антон, четворица од Пирдоп и по еден од Златица, Мирково и Рибарица.
Во чест на загинатите, во паркот кај каналот „Студенчишта“ е поставен споменик.
Бродот „Илинден“, изваден на суво кај каналот „Студенчишта“, и денеска останува нем сведок на трагичниот настан што засекогаш ја обележа историјата на Охридското Езеро.