Аргентинскиот голман Емилиано Мартинез, од Астон Вила, се најде во центарот на вниманието изминатиот викенд поради провокациите упатени кон Кристијано Роналдо. Мартинез беше на голот на мечот со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ на кој домашните имаа можност да постигнат гол од пенал во продолжението од мечот.
Бруно Фернандеш ја зема топката пред Кристијано Роналдо и шутираше далеку над голот. Мартинез непосредно пред да биде изведен пеналот го провоцираше Роналдо и бараше тој да шутира.
Martinez even told Ronaldo to take the pen man, no other PL keeper above him I’m telling you pic.twitter.com/dNezs5kuwN
— Galu (@PSGalu) September 25, 2021
Но, не застана тука, веќе во медиумите одлучи повторно да го „удри“ Роналдо. На новинарско прашање во што е разликата помеѓу него и Роналдо, Мартинез одговори:
-Не гледам никаква разлика помеѓу нас двајцата. Имаме сличен стил на игра. Двајцата стоиме во казнениот простор и чекаме топка, вели Мартинез, алудирајќи на тоа дека Роналдо ништо посебно не прави на теренот, освен што чека топка за да постигне гол.
Е, сега дали тоа тоа така, не би рекле, бидјќи статистиката во изминатите години доволно зборува за Роналдо.
– PERIODISTA: “¿Qué diferencia hay entre tú y Cristiano Ronaldo?”
– DIBU: “Yo no veo ninguna diferencia, tenemos estilos de juego similares, los dos nos paramos en el área a esperar el balón”.
Vía: [BITBOL] ✅ pic.twitter.com/6KPoGgYHeI
— Melvin Pastore ✍ (@Melvinpastoree) September 27, 2021