По неодамнешниот трагичен настан во основното училиште „Пречко“ во Загреб, кога еден ученик загина, а тројца и една наставничка беа повредени со остар предмет, од вторник, кога почнува второто полугодие, влезовите ќе ги чува професионално обезбедување.

Ова го соопшти заменик-градоначалничката на Загреб, Данијела Доленец и додаде дека Градот како основач ќе ги покрие трошоците за ангажирање фирми за обезбедување до крајот на учебната година.

Во меѓувреме, додаде таа, Министерството за наука и образование ќе обучува и вработува лица во училиштата кои ќе бидат задолжени за безбедноста.