Општина Карпош ја информира јавноста дека во вторник (29.07.2025) година со почеток во 07:30 часот ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ (во населбата Влае).

Поради изведување на стручните мерења, ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази.

Имено, во првата фаза се предвидува затворање на дел од сообраќајницата, односно булеварот „Партизански одреди“, по принципот лента по лента, во насока исток – запад, поточно во правец кон населбата Ѓорче Петров. По завршување на првата фаза, ќе следи затворање на сообраќајот во насока запад – исток, (кон Центар), исто така по принципот лента по лента.

Во оваа пригода локалната самоуправа посочува дека во текот на изведување на работите, сообраќајот на тој потег ќе се одвива непречено, согласно сообраќајната сигнализација и опремата која ќе биде времено поставената, на која ќе биде означено прописното ограничување на брзината на движење од 30 km/h.

Се предвидува овие работни активности да се одвиваат во период од седум работни дена, а по нивното завршување да биде воспоставен првобитниот режим на сообраќај.

Општина Карпош апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат и да се прилагодат кон времениот сообраќаен режим, за што однапред им благодари на разбирањето и соработката.

Текстот Од вторник изменет сообраќаен режим на мостот „Влајко“ е превземен од МАКФАКС.