Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за 1,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,00 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 83,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 85,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 72,50 денари за литар.

За 0,306 денари поевтинува Мазутот М-1 НС  и еден килограм ќе чини 42,629 денари.с