Според најновата пресметка на Регулаторната Комисија за Енергетика, цените на горивата се намалуваат во просек за 1.99%. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 2 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 93.50 денари, додека ден литар 98-октански бензин ќе чини 96.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.5 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 93. Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната пресметка.