Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 2,00 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 78,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе продава за 80,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 67,00, а Екстра лесното масло за домаќинство за 66,00 денари за литар.
За 1,455 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,620 денари