Сите граѓани над 60 години, како и здравствените работници и пациентите од сите возрасти кои имаат закана за нивниот имунитет или тешка болест од утре, понеделник, 27 септември,ќе можат да ја примат третата доза вакцина и тоа исклучиво од производителот „Фајзер“, најави Министерството за здравство.

– Даваме препорака врз основа на искуства од други земји и меѓународни институции кои се тие категории граѓани кои треба да се вакцинираат. Значи сите граѓани без разлика на тоа со која вакцина се иницијално вакцинирани, може да се вакцинираат со трета доза вакцина. Има вакцини доволно во кој било пункт. Овој процес ќе започне од понеделник, поради тоа што некои работи треба да се спремат во електронскиот систем – појасни Филипче.

За можноста да се вакцинираме со трета доза од други производители ќе треба да се почека, а Министерството ќе дава дополнителни препораки во иднина.

Граѓаните, шест месеци од добивањето на втората доза, ќе бидат известувани преку СМС за тоа каде и во колку часот ќе ја примат третата доза, објаснија од МЗ.