Владата донесе одлука, односно ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести. Од утре кафулињата, кафаните, односно угостителските објекти почнуваат со работа, односно ќе примаат гости. Сепак, служење ќе биде дозволено само на летните тераси и најдоцна до 20:30 часот, бидејќи од 21:00 ќе почнува полицискиот час.
Како што е познато, наместо од 20:00, полицискиот час ќе почнува од 21:00 часот и ќе трае до 05 ч следниот ден. Полициски час нема да има за Велигден и за Рамазан Бајрам.