Од утре граѓаните ќе може да аплицираат за субвенции за вградување на плин во возилата. Според огласот на Министерот за економија сите граѓани коишто од утре ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.

За оваа мерка од буџетот на Министерството за економија предвидени се 11 милиони денари односно пари ќе има за околу 600 граѓани.

Оваа мерка за прв пат беше спроведена во 2019 година кога беа субвенционирани 731 граѓанин кој што вградија вакви уреди во своите возила.