Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од утре ќе почнат контактите со соседните држави за изнаоѓање на решение за признавање на ковид-пасошите и тестовите.
-Како што знаете денеска започнува имунизацијата на населението во нашата држава, а веќе од утре сите институции ќе стапат во контакт со нашите соседни држави со цел изнаоѓање на заедничко решение што се однесува на признавање на ПЦР тестови и на други како што се тестови за антитела, ние во соработка со Министерството за здравство, Министерството за надворешни работи ќе бараме од нашите соседи, но и од друдите Европски земји да ги прифатат, и таканаречените Ковид пасоши од нашата држава, информира министерот за економија Крешник Бектеши.