На Денот на работниците, 1 мај, најмногу ќе уживаат оние кои најмалку работат. Државните функционери во првите денови од мај ќе земаат повисоки плати за екстра околу 70 илјади денари, објави Алсат.
Паричниците ќе почнат да си ги полнат претседателот на државата, Собранието и Владата, а нешто помалку министрите, пратениците, судиите, гувернерот и другите избрани и именувани функционери.
Платите за месец април на претседателот на Уставниот суд и на потпретседателите на Собранието ќе се зголемат за плус 60 илјади денари, а на министрите и пратениците за околу 56 илјади денари. Функционерите се наградени со повисоки плати за 78% или за околу 1.000 евра. Сето ова доаѓа по одлуката на Уставниот суд кој на 21 март го укина замрзнувањето на член од Законот за плати каде што коефициентот се пресметува во зависност од позицијата, но за основна плата се зема онаа од минатата година на истите државни функции. Самиот претседател Пендаровски ја објави пресметката на неговата плата. Досега земал 92 илјади, а од утре-задутре на сметка ќе му легнуваат по 165 илјади, односно од 1.500 евра на над 2.500 евра.
Целата вест на Алсат.