Дајана Тухило како тинејџерка имигрирала од Колумбија во САД и чистела домови за да си ги плати трошоците за нејзините студии на Универзитетот во Флорида. Сега, таа остава свој белег на Марс.
Приказна на Тухило е вистинска инспирација и мотивација дека „нема невозможни нешта“ кога човек е упорен и цели кон она што го сака.
„Мојот сон да работам за НАСА кога не знаев англиски звучеше многу смешно и невозможно, но се држев за тоа и успеав“, вели таа.
Љубопитноста и упорноста се нејзините карактерни црти кои и помогнале да стигне до НАСА.
На свои 17 години, таа успеала да се извлече од насилните улици во Кали, Колумбија до САД со само 300 американски долари во џеб. Работела многу работи, вклучително и домаќинка за да си го плати образованието по инженерство на Универзитетот во Флорида.
Тухило дипломирала воздухопловен инженеринг на Универзитетот во Мериленд во 2007 година. Со помош на тутури и ментори, се пријавила на Академијата на НАСА и на нејзино огромно изненадување таа била примена.
Од 2008 година Трухило е еден од инженерите во тимот на НАСА.
Денес, таа е клучен член на тимот што ги дизајнираше и испира роботската рака за „Mars Perseverance Rover“ со помош на која ќе се донесат примероци од почвата од Црвената планета за да се дознае дали некогаш имало живот таму.
„Разбирањето како да се користат инструменти што никогаш порано не сме ги виделе и рака што е долга 7 метри е секако голем предизвик, но ние дефинитивно го направивме тоа да фунцкионира“, изјави 41-годишната Дајана.
Сега светот ја има нејзината приказна која инспирира да ги оствариме соништата.
„Ако можев јас да го направам тоа, можеш и ти“, вели таа.