Почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители.
Оваа мерка, како што денеска одлучи Владата на Северна Македонија, по предлог на Комисијата за заразни болести ќе важи до 20 април 2021 година (среда), објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.
“Министерството за економија како надлежна институција за развој на туристичко угостителскиот сектор во Република Северна Македонија ги известува сите чинители дека поради актуелната состојба со пандемијата од Корона вирусот принудени сме како Влада да превземаме конкретни чекори се со цел заштита на здравјето на сите граѓани. Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна. Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт. Исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид“ објави министерот и додаде дека Министерството за економија секогаш е за подршка на секторот, но очекува разбирање и соработка се со цел надминување на оваа ситуација.
“Препорачуваме до сите угостителски објекти да не прават дополнителни залихи денеска и во текот на утрешниот ден со цел да се избегнат поголеми загуби од воведените рестрикции за работа. Министерството за економија во континуитет работи за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор со цел за полесно справување со негативните ефекти од пандемијата. Поддршката ќе продолжи и во наредниот период. Министерството за економија ќе продолжи да креира мерки за поддршка на секторот. Најважно од се во овој момент е здравјето на граѓаните“ пиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.
📣Министерството за економија како надлежна институција за развој на туристичко угостителскиот сектор во Република…
Posted by Kreshnik Bekteshi on Monday, 5 April 2021